Поразителни податоци за странските инвестиции. Во март годинава во земјава влегле само 1,6 милиони евра инвестиции, додека во првиот квартал вкупните странски директни инвестиции изнесуваат 59,8 милиони евра. Тоа е за три пати помалку во споредба со истиот период лани, кога имало 202 милиони евра странски инвестиции, покажуваат најновите податоци на Народната банка. Сумата на странски инвестиции во март е драстично пониска од онаа во февруари годинава кога имаше 29 милиони евра и од јануари кога исто така влегле приближно 29 милиони евра. Според НБМ, најголем инвеститор во првите три месеци е Австрија, од каде што дошле 28,6 милиони евра. Во неколку земји, пак, има одлевање на капиталот. Во Велика Британија се одлеале 15,4 милиони евра, во Словенија 3,8 милиони евра и во Грција околу 3 милиони евра. По сектори, најголем дел од инвестициите доаѓаат од областа на енергетиката, финансискиот сектор и градежништвото.
Поразителни податоци за странските инвестиции. Во март годинава во земјава влегле само 1,6 милиони евра инвестиции, додека во првиот квартал вкупните странски директни инвестиции изнесуваат 59,8 милиони евра.
Тоа е за три пати помалку во споредба со истиот период лани, кога имало 202 милиони евра странски инвестиции, покажуваат најновите податоци на Народната банка.
Сумата на странски инвестиции во март е драстично пониска од онаа во февруари годинава кога имаше 29 милиони евра и од јануари кога исто така влегле приближно 29 милиони евра.
Според НБМ, најголем инвеститор во првите три месеци е Австрија, од каде што дошле 28,6 милиони евра. Во неколку земји, пак, има одлевање на капиталот. Во Велика Британија се одлеале 15,4 милиони евра, во Словенија 3,8 милиони евра и во Грција околу 3 милиони евра. По сектори, најголем дел од инвестициите доаѓаат од областа на енергетиката, финансискиот сектор и градежништвото.
Инаку, подолго време тече потрагата по странски инвеститори на Владата и речиси секој месец се организираат роуд шоуа во поблиски и подалечни дестинации, а сите сме во исчекување на конкретни резултати. Во меѓувреме, инвестициите тапкаат во место или се намалуваат.
Во многу земји владина делегација на чело со премиерот Никола Груевски организира посети, бизнис-презентации, средби, разговори... на кои на странските бизнисмени и политичари им се претставуваат можностите што им ги нудиме за инвестирање. При тоа се вртат истите понуди, енергетика, инфраструктура, рударство, туризам, земјоделство, градежништво... се презентираат економските зони и многуте законски бенефиции и ослободувања, а пред се' евтината работна сила и шансите за побрзо и полесно да се извезува на европските пазари.
Последните податоци од Народна банка се појавија додека трае најновото роуд шоу на Владата во скандинавските земји. Откако владиниот тим веќе беше во Кина, а претходно во Катар, Индија, Малезија, Турција, Сингапур и Јапонија, како и во повеќе европски земји, моментално се наоѓа на петдневна бизнис-политичка посета на Шведска, Данска, Норвешка и Финска. Таму премиерот Груевски отпатува со поголема владина делегација со која ќе се организираат неколку бизнис-форуми на кои ќе се претстават економските и инвестициските потенцијали на Македонија пред повеќе компании од овие земји.
Очигледно, Владата не ја напушта оптимизмот дека роуд шоуата, кога-тогаш, ќе донесат странски инвеститори. На неодамнешното отворање на втората фабрика на „Џонсон Мети“ во „Бунарџик“, Груевски најави две нови инвестиции во јуни, како и дека странските фирми што лани ставија камен- темелници во „Бунарџик“ и во „Жабени“, ќе стартуваат за неколку месеци со производство. Тоа се американската „Кемет електроникс“, руската „Протект“, индиската „Мадерсан груп“, италијанската „Технохозе“ и германската „Кромберг и Шуберт“.